09
Фев
2021

Промотивна кампања за Едукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево

Едукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево во изминатиот период преку низа активности ја подобри својата видливост и препознатливост, со што туристите и посетителите во брегалничкиот регион веќе го препознаваат како една од точките кои треба задолжително да ги посетат.

Во рамки на Програмата за зачувување на природата (ПЗП) изработен е визуелен идентитет на ЕЦ, и преку користење на различни канали и алатки за промоција беше спроведена кампања. Целта на кампањата беше да се поттикне посета од страна на различни целни групи, а исто така туристите кои што веќе се наоѓаат во регионот да се запознаат со уште една атракција која вреди да се посети.

Стилизираната муволовка прерасна во ново лого на ЕЦ како нај специфичен претставник на биолошката разновидност во околината. Туристите кои доаѓаат во брегалничкиот регион преку поставените билборди и патокази можат да се запознаат со локацијата и со понудата на ЕЦ. Паралелно со промотивните активности, беа обновени и инфо таблите на пешачката патека за најмладите „Патеката на Петко и шумските жители-Пехчевска авантура” која води до локалитетот Јудови Ливади каде вирее муволовката. Во рамки на овие активности беше креирана и интернет страница www.ecnegrevo.mk, а беа ставени во функција и официјалните профили на ЕЦ на Facebook и Instagram.

За целите на кампањата беше изработено и промотивно видео:

Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево официјално отпочна со работа во 2018 година со поддршка на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од Фармахем. Функционирањето на Едукативниот центар е одговорност на Општина Пехчево, а Програмата за зачувување на природата и во следниот период ќе даде поддршка на дел од активностите.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...