09
Фев
2021

Креиран визуелен идентитет за поголема препознатливост на јадрената група на пчелари од брегалничкиот регион „Меден Исток“

Јадрената група на пчелари од брегалничкиот регион „Меден Исток“ која единствено во нашата држава произведува пчелни производи на одржлив начин со примена на биотехнички методи, со поддршка на Програмата за зачувување на природата (ПЗП) го креираше својот комплетен визуелен идентитет за поефикасна комуникација со јавноста.

Алатките од визуелниот идентитет ќе им помогнат на членовите на „Меден Исток“ да ја пренесат главната мисија на јадрената група дека се залагаат за примена и промоција на одржливите практики, а особено примената на биотехничките методи во одржливиот начин на пчеларење.

Во рамки на оваа визуелна комуникација со јавноста од особена важност е креирањето на сертификатната марка „Одржливо произведен мед и други пчелни производи“, која ќе биде поставена на производите на Меден Исток. Оваа сертификатна марка ќе претставува препознатлив знак на пазарот како гаранција за примената на одржливите практики, безбедноста и квалитетот на пчелните производи. Брендирањето на првите сертифицирани производи на „Меден Исток“ под ист назив на брендот како и името на јадрената група ги очекуваме наскоро да излезат на пазарот и да бидат достапни за потрошувачите кои претпочитаат безбедни и квалитетни производи, а истовремено произведени со грижа кон природата.

Дополнително во употреба е пуштена и официјалната интернет страница на јадрената група: www.medenistok.mk, каде што освен запознавање со целите и производите на „Меден Исток“, потрошувачите на иновативен начин ќе може да погледнат од каде е медот кој го консумираат преку панорамски фотографии од пчеларниците на сите членови на оваа јадрена група.

Алатките од визуелниот идентитет се во функција на подобра препознатливост и промоција на јадрената група и нивните производи, со што ќе се придонесе кон креирање на додадена вредност на одржливите пчелни производи, а со тоа и подобрување на економската состојба и намалување на бројот на отселувања особено кај младите и ранливите групи во брегалничкиот регион.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...