30
Дек
2020

Климатските промени и локалните заедници

Како што изминува времето, така последиците како и информациите што ги имаме за климатските промени стануваат се побројни и појасни. Климата се менува, а со тоа ќе се менува и начинот на живот на сите на планетата. Малите локални и рурални заедници за жал ќе бидат на првата линија на овие промени и затоа заштитата на нивниот начин на живот е значајно во борбата со климатските промени.

Климатските промени претставуваат сериозна закана за малите фармери и земјоделските средини и заедници. Дури и мала промена во локалната температура може да доведе до загуба или намалување на бербата и реколтата, а со тоа и на квалитетот на животот на заедницата. Ова најчесто се случува поради суша и намалување на водните ресурси. Екстремните временски неприлики како невремиња, бури, силни врнежи и поплави – дополнително ја зголемуваат опасноста.  Се смета дека до крајот на 2020 г. дури 49 милиони луѓе низ светот се на работ на глад поради настани поврзани со климатските промени.

Фото: Стефанија Видовски

Иако не постои лесен и едноставен начин да се спречат климатските промени и нивните последици, сепак искуството покажува дека најдобар начин да се ублажат промените е директно вклучување на локалната заедница во планирањето и имплементацијата на планираните активности. Соработка со локалната заедница, сојузите на сточари и земјоделци, месните заедници и општините се клучни за успешно справување со промените кои ни доаѓаат.

Земјоделството и шумарството играат важна улога во процесите на ублажување на влијанието на климатските промени и го зголемуваат значењето на локалните заедници. Намалување на стакленички гасови може да се добие преку правилно управување на шумите и пошумување, модернизирање на сточарството и примена на екстензивно и традиционално сточарство, промовирање на локални автохтони сорти на овошје и зеленчук, рехабилитација на напуштените земјоделски површини, одржување на пасиштата и заштита на почвата од ерозија. 

Руралните заедници се чувари на природните ресурси и добри познавачи на околната природа, но поради сиромаштија тие често ги напуштаат овие навики и применуваат нови, неодржливи практики во нивното секојдневие. Затоа е важно, да се посветува внимание и време кон нивните потреби со цел да се зачуваат традиционалните знаења и навики кои се клучни во борбата со климатските промени.

Руралните заедници може се наоѓаат одалечени од големите урбани центри, но тие се клучни за нивниот опстанок. Речиси сите ресурси за градовите доаѓаат од селата и руралните области особено храна, вода и природните лекови. Врската помеѓу градовите и селата е витална и клучна за борбата со климатските промени. Едни на други треба да си помагаат со цел да се достигне одржлив развој, во кој ниту една страна нема да биде оштетена. Годините кои следуваат од нас ќе бараат поголема соработка и посветеност со цел да го зачуваме нашиот начин на живот.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...