Заштитените подрачја и човековото здравје
Заштитените подрачја играат важна улога во одржувањето и чувањето на човековото здравје како и целокупниот добробит на човечката популација. Заштитените подрачја не треба да се гледаат само како заградени и забренети делови од природата, туку како директни помагачи на здраството со борбата за подобро здравје за сите.
Заштитените подрачја помагаат на тој начин што обезбедуваат низа на екосистемски услуги кои се од голем бенефит за човечкото здравје.
Светската здраствена организација (СЗО) смета дека дури една четвртина од сите смртни случаи годишно може да се избегнат доколку се подобри управувањето со еколошките проблеми како загаден воздух, загадена вода, употреба на пестици и човечки предизвикана суша. Со уништувањето на шумите и џунглите пак, директно се зголемува можноста за намалување на живеалиштата на дивите животни што пак ја зголемува можноста за појава на зоонози од животните кон луѓето. Истражувањето спроведено од Конвенцијата за биолошка разновидност и СЗО укажува на тоа дека здравите природни екосистеми, директно придонесуваат кон заштита на здравјето на луѓето и тоа од многу аспект.
Заштитени подрачја може да придонесат за подобро здравје на луѓето на многу начини, а некои од тие аспекти се сеуште непознати и треба да се истражат. На пример се повеќе се истражува за улогата на природните екосостими да нудат можност за поголем контакт на човекот со различни микроорганизми кои пак позитивно делуваат врз неговото здраје.
Во главно постојат три начини преку кои заштитени подрачја играат важна улога во унапредување на човековото здравје:
- Обезбедуваат екосистемски услуги кои го даваат основите за животот на луѓето. Тие се избор на храна, но и ја штитат популацијата од влијаниа на климата, поплави, заразни болести и паразити.
- Претставуваат извор на природни состојки од кои се изработуваат медикаменти и лекарства на модерен или традиционален начин.
- Преку престој на човекот во нив, тие го унапредуваат неговото физичко, ментално и духовно здраје.
Со прогласувањето на Осоговските Планини за заштитено подрачје односно заштитен предел се остварува една од главните цели на швајцарската Програма за зачувување на природата (ПЗП), унапредување и зголемување на мрежата на заштитени подрачја во Источниот плански регион. Ова е уште позначајно ако се знае дека Осоговските Планини претставуваат прво поголемо заштитено подрачје во нашата држава уште од 1958 година.
Со овој резултат, ПЗП придонесе со дополнителни 2% во вкупната површина на заштитени подрачја во државата која пред прогласувањето на Осогово изнесуваше околу 9%. Ова зголемување е многу важно за постигнување на таргетот од 15% од територијата под заштита дефиниран во Националната стратегија за биолошката разновидност и Националната стратегија за заштита на природата (2017-2027) чија изработка беше поддржана од оваа Програма.