16
Окт
2020

Како локалните сорти на овошје и зеленчук ќе нè спасат од климатските промени?

Локалните сорти на овошје и зеленчук се култури и растенија што со векови се одгледуваат во еден географски простор, користејќи традиционални земјоделски практики и без употреба на комерцијални семиња и расад. Често постојат и т.н. автохтони видови или сорти, но поради комплексноста на точното утврдување на потеклото, почесто се спомнуваат како локални сорти.

Овие сорти настанале преку примитивна генетска промена (на пример со калемење) и со текот на времето под дејство на локалната клима.

Поголемиот дел од продуктите што се одгледуваат низ нашата држава и Брегалничкиот регион историски своето потекло го наоѓаат некаде во Северна и Јужна Америка или пак Азија и дури Африка. Пример за тоа се доматот, компирот, пиперка, пченката, тиквата – сите овие растенија пристигнале во Европа некаде пред околу 500-600 г. Но, силното култивирање, размножување како и под влијание на климата дало можност за развој на регионални или локални сорти и варијации на растенијата и културите.

Денес, соочени со климатските промени и потребата за одржлив развој и чување на природните ресурси овие сорти и видови добиваат се поголемо значење. Ова се главните причини:

  1. Се штеди вода
    Локалните сорти и видови со текот на времето развиле генетска можност за опстанок со малку количество на вода. Во нашата држава владее умерено континентална клима со силно влијание од Медитеранот, па топлите и суви лета се честа појава кај нас.
  2. Одгледување на традиционален начин
    Поголемиот дел од локалните сорти се одгледуваат на традиционален начин. Со овој метод се зачувуваат локалните традиции и знаење, разумно се користат природните ресурси и се развива локалната заедница.
  3. Користење на одржливи практики во земјоделството
    Локалното население со употреба на одржливи практики во земјоделството се грижи природните екосистеми и нивниот биодиверзитет да бидат сочувани, управувани и користени одржливо преку користење на квалитетен семенски материјал, контролирање на примената на вештачки ѓубрива и хемиски средства.
  4. Се чува генетскиот биодиверзитет
    Во период кога сè повеќе се учи за значењето на биолошката разновидност, не смее да се пропушти и заштитата на агробиодиверзитетот. Сите видови, сорти и варијации се важни. Преку одгледување на овие растенија и култури ги одржуваме овие генетски линии живи.
  5. Се промовира здрав живот и здрава исхрана
    Веќе одамнa познатo e дека употреба на локално сезонско овошје и зеленчук е најдобар начин за исхрана. Здравиот начин на живот како светски тренд е една од главните можности за промоција на локалните сорти како најдобра опција за исхрана.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...