13
Сеп
2020

Реките како екосистем

Река претставува природен воден пат. Реките често водат до поголеми водни маси како на пример до океан, или пак, езеро. Реката се состои од повеќе основни делови, почнувајќи од извори, изворишта, и врутоци, што се влеваат во главниот тек. Тие течат ограничени со два брега. Крајниот дел на реката најчесто се нарекува устие и реката обично се проширува на крајот и формира делта или естуар. Реките се водни тела што се движат еднонасочно, водени од земјината гравитација. Доколку количеството на вода е помало тогаш овие водни тела се нарекуваат потоци или поројници.

Некои реки се полни со вода и активни во текот на целата година, други пак се активираат само во одредени делови во годината, најчесто во топлите сезони кога се топат снеговите од високите планински врвови или за време на врнежливите влажни сезони. Реките може се долги од еден до неколку илјади километри. Главна особина на речните екосистеми е токму нивниот тек. Тие се динамични системи во кој водениот дел е во постојан тек. Тоа значи дека речните екосистеми често и брзо се менуваат во зависност од количеството на вода што се наоѓа во нив. Секој речен воден екосистем во основа може да се подели на два дела: брза и длабока зона што се наоѓа во средишниот дел на текот и бавен дел во кој се собира многу талог. Во двете зони се развил живот со посебни потреби и различни форми.

Реките се силни ерозивни тела што го менуваат релјефот и пејзажите. Тие создаваат кањони и клисури и постојано по малку го менуваат своето течение. Тие преставуваат водни тела кои се создадени од слатка вода, што значи дека содржат многу малку соли во споредба со морињата. Сепак, реките се важни носачи на огромно количество на нутриенти за животните и растенијата.

Реките преставуваат врска што ги поврзува сувоземните, водните и морските екосистеми и преставуваат важна миграторна линија за голем број на водни видови на животни. Тие се едни од најнаселените екосистеми во светот, полни со локален и регионален ендемизам.

Човекот и човечката популација се исто така важен дел од речните екосистеми. Човекот ги користи реките за наводнување, за пиење, за транспорт, за производство на енергија како и за риболов и рекреација. Затоа е важно постојано да се врши мониторинг на реките, како и на нивните извори и притоки.

Регионот на Брегалница има развиена хидрографска мрежа. Вкупно на овој простор има околу 700 водотеци од кои 6 се подолги од 20 км, и тоа: Брегалница, Злетовска река, Кочанска река, Оризарска река, Зрновска река и Осојница. Со зачувување на овие реки, се грижиме за нивната околина, за животот на локалното население како и за целиот регион.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...