Јавен повик за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на услуги со предмет: „Изработка на студија за изводливост за воспоставување на центар за згрижување на повредени и запленети диви животни во Република Северна Македонија“
Краен рок : 23.09.2020 Референтен број 03/07/575
Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, ги поканува заинтересираните субјекти да достават понуди во затворен коверт на начин опишан во тендерската документација, не подоцна од 23.9.2020 година до 15:00 часот, адресирани до Фармахем – Програма за зачувување на природата во Северна Македонија, ул. Кичевска бр.1, 1060 Скопје, со назнака “За Јавен повик (Реф. бр. 03/07/575)”. Финансиската понуда да биде изразена во МКД (без ДДВ).
Тендерската документација за јавниот повик, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација се достапни на интернет страната на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија: http://www.bregalnica-ncp.mk/javni-povici/.
Заинтересираните компании може да поставуваат прашање исклучиво во пишана форма на следнава е-пошта: eko@farmahem.com.mk. најдоцна до 17.09.2020.
Програмската активност „Изработка на студија за изводливост за воспоставување на центар за згрижување на повредени и запленети диви животни во Република Северна Македонија“ се спроведува во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2 (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координиран од „Фармахем” од Скопје.
Целосната тендерска документација може да ја преземете на следниот линк.