Јавен повик за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на градежни работи со предмет: „Реконструкција на постоечка ограда на ловиште Полаки Кочани“
Краен рок : 15.09.2020 Референтен број 03/07/2020
Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, ги поканува заинтересираните субјекти да достават понуди во затворен коверт на начин опишан во тендерската документација, не подоцна од 15.09.2020 година до 16:00 часот, адресирани до Фармахем – Програма за зачувување на природата во Северна Македонија, ул. Кичевска бр.1, 1060 Скопје, со назнака “За Јавен повик (Реф. бр. 03/07/563)”.
Финансиската понуда да биде изразена во МКД (без ДДВ).
Тендерската документација за јавниот повик, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација се достапни на интернет страната на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија: http://www.bregalnica-ncp.mk/javni-povici/.
Заинтересираните компании може да поставуваат прашања исклучиво во пишана форма на следнава е-пошта: cvetan@farmahem.com.mk најдоцна до 09.09.2020 година.
Програмската активност „РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОСТОЕЧКА ОГРАДА НА ЛОВИШТЕ ПОЛАКИ КОЧАНИ“ е дел од проектот „Градење на капацитети за одржливо управување со дивечот во ловиштето Полаки“, кој се спроведува во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2 (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координиран од „Фармахем” од Скопје.
Целосната тендерска документација може да ја преземете на следниот линк.
07.09.2020: Изменетата тендерска документација може да ја преземете на следниов линк.