18
Авг
2020

Однесување кон дивиот свет

Во нашата држава се уште постојат области кои се слабо или ретко населени, а цели региони се празни и раселени. Нашите планини се полни со шуми и со пространи ливади. Шумите, ливадите и планините претставуваат дом на голем број на видови на животни. Средбата со бар еден вид на поголемо животно низ прошетките во природа е настан што несомнено ќе се случи. Меѓу јавноста постојано кружат голем број на погрешни и нецелосни информации околу опасноста што човек може да ја има при средба со диво животно. Во реалноста, македонската фауна е составена од голем број на загрозени видови, видови кои не се агресивни и многу мал број на отровни животни како змии и пајаци. Еве некои од основните правила за тоа како треба да се однесуваме кон живиот див свет, при нашата следна прошетка во природа.

  • Едуцирајте се!

Знаењето е најдобриот лек и оружје за сите стравови и непознаници. Искористете го слободното време и учете за македонската флора и фауна. Така ќе знаете повеќе за екологијата на животните, местата каде што можете да ги сретнете, нивните живеалишта, како и можноста да ги препознаете нивните траги и стапки. Ова секако само ќе ги збогати вашите прошетки во природа.

  • Никогаш не оставајте храна и не ги хранете животните

Доколку имате можност и шанса да сретнете некое животно во никој случај не хранете го и не му оставајте храна. Тоа значи дека никогаш не треба да оставате или да фрлате храна зад себе при секоја посета во природата. Човечката храна не е прилагодена за дивите животни и може дури во себе да содржи патогени опасни за животните.

  • Кучињата секогаш на поводник

Многумина сакаат да уживаат во природата заедно со своите миленици. При секоја посета на шума или пак во заштитено подрачје, држете го кучето близу вас и секогаш врзано. Ова е за ваша и безбедноста на вашето милениче како и за здравјето на шумските жители. Кучето може да нападне диво животно или пак да биде исплашено од диви животно.

  • Не ги заловувајте и посвојувајте животните

Луѓето, многу често понесени од еуфорија решаваат да заловат и посвојат некој див вид на животно. Ова е особено често со мали сувоземни или блатни желки, гуштери, ежеви или пак мали видови на глодари. Овие животни не се домашни миленици и нивното вдомување е нелегално.

  • Не ги малтретирајте животните

Поради своето незнаење или од возбуда голем број луѓе се однесуваат со животните како играчка, при што ја зголемуваат можноста за нивна повреда. Ова особено се случува и при процесот на нивно фотографирање. Секое диво животно има своја екологија и начин на однесување и не смее и не треба да биде малтретирано. Доколку сакате да го фотографирате, бидете на пристојна оддалеченост од него и не го заплашувајте.

  • Одржувајте растојание

Доколку се најдете во блиска средба со некое поголемо животно или пак група на животни секогаш одржувајте оддалеченост од најмалку 30-тина метри. Бидете тивки, обидете се да се разминете со нив тивко и полека.

  • Бидете свесни за своето присуство

Без оглед на местото и на околностите, секогаш бидете свесни за вас и вашата околина. Вие кога сте во шума или на планина речиси никогаш не сте сами. Постојано сте опкружени и во друштво со голем вид на животни и инсекти. Секогаш однесувајте се внимателно.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...