10
Авг
2020

Започнува кампањата за прогласување на Осоговските Планини за заштитен предел

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Македонско еколошко друштво, Јавното претпријатие „Национални Шуми“ и општините во идното заштитено подрачје започнува кампања за прогласување на Осоговските Планини за заштитен предел.

Целта на кампањата е да се информира и запознае јавноста за тоа што претставува „заштитено подрачје“, како може да се зачуваат природните вредности и воедно да се обезбедат економски придобивки од заштитените подрачја. Кампањата ќе трае во следните четири недели, а преку видеа и фото-тестемонијали и други промотивни содржини ќе имате можност подобро да го запознаете Осоговскиот регион и да дознаете зошто Осогово заслужува и треба да се заштити. Во рамки на кампањата ќе се зборува за природните вредности, биодиверзитетот, туризмот, планинарството, културата и традициите во Осогово, а ќе се споделат и важни информации за идното заштитено подрачје.

Кампањата е поддржана од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје.

Кампањата е поддржана и од општините Кочани, Чешиново Облешево, Пробиштип, Македонска Каменица и Крива Паланка.

За зачувано Осогово какво што сакаме да биде: чисто, зелено и развиено!

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...