30
Јул
2020

Пријава за учество на обука за професијата водич во планина во Малешевскиот регион

Краен рок : 10.08.2020  Референтен број /

Маунтаин Експириенс Македонија од Скопје, а во соработка со општина Берово и општина Пехчево организира обука за професијата водич во планина. Оваа обука се спроведува како дел од програмската активност „Мапирање на потенцијалот на патеки на планина и ставање во функција на мрежно поврзан систем на патеки за планински рекреативен туризам на Малешевските планини (Берово и Пехчево)“ која се спроведува како еден од приоритетите дадени во акцискиот план на пилот Регионалниот план за унапредување на шумите во Малешевскиот регион (Берово и Пехчево) подготвен во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2 (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка– SDC, координиран од „Фармахем” од Скопје.

Заинтересираните лица за учество на обука за професија водич во планина во Малешевскиот регион треба да ги исполнуваат следниве услови за учество на обуката:

  • Да имаат најмалку средно образование;
  • Да не се осудувани за насилство;
  • Да имаат солидна физичка подготвеност;
  • Да имаат лекарска потврда за занимавање со спорт;
  • Да се осигурени од несреќа при занимавање со планинарство;
  • Да бидат на возраст од најмалку 18 години;
  • Да имаат познавања за планинската географија на Република Северна Македонија;
  • Да се жители на Малешевскиот регион (општина Берово и општина Пехчево);

Дополнителни информации за обуката, начинот за пријавување и за професијата Водич во планина може да се видат на веб страната на Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина www.maiml.mk.
Заинтересираните лица треба да се пријават на guides.mk@gmail.com или jasminka@bregalnica-ncp.mk со пополнување на апликацијата дадена во прилог најдоцна до 10 август 2020 година.
Трошоците за обуката на избраните кандидати ќе бидат покриени од страна на Програмата за зачувување на природата.

Пријавата за обуката за водачи може да ја преземете на следниот линк.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...