27
Јун
2020

Неколку правила за правилен престој во природа

Во последните години забележителен е зголемениот интерес за сите форми на спорт и рекреација на отворено, особено планинарењето, велосипедизмот и алпинизмот. Зголемената популарност го зголеми и бројот на посетители низ познатите излетнички места низ државата. Живеејќи неколку месеци во услови на светска пандемија, затворени во своите домови, почнавме повеќе да ја цениме природата, отворените простори, планините и полињата. Овие денови секој го користи своето слободно време да помине што може повеќе време некаде на планина. Без разлика на нашата желба за престој во природа никогаш не треба да забораваме за основните правила при посета на шумите или планините.

1. Секогаш носете шише за вода кое може да се употреби повторно

Нашата држава е богата со мали реки, потоци и извори, а често по планинарските патеки се сретнуваат и стари селски чешми. Сепак, често безбедноста на оваа вода е во прашање. Затоа секогаш со вас имајте доволно вода, ставена во шишиња за повторна употреба. Така го намалувате загадувањето со пластика, а и можноста за создавање на отпад додека планинарите.

Фотографија: Димитар Егуменовски

2. Размислувајте локално и одржливо

Обидете се да трошите минимум гориво за да стигнете до вашата одбрана дестинација. Планинарете и движете се колку што можете локално. Доколку сакате да посетите некое подалечно место користете јавен транспорт или патувајте во група.

3. Носете храна од дома

Многу е важно и препорачано да имате доволно количество на храна со вас. Храната би требало да биде спакувана во хартија или во сад за повторна употреба, со цел да се намали можноста за смет. Доколку можете секогаш користете веќе зготвена храна, храна што не се расипува лесно или пак конзумирајте свежо овошје и зеленчук.

4. Движете се без трага

Ова правило како и сите е многу едноставно. Движете се без да оставите трага. Внимавајте каде газите, не сечете дрвја и гранки без потреба, не уништувајте живелишта на животни и не берете непотребно растенија, цветови и шумски плодови.

5. Секогаш бидете на патеката

Доколку веќе постои поставена, трасирана и означена патека, таа нека ви биде првиот избор при движење во природата. На овој начин не влијаеме врз дополнителна узурпација на просторот во шумата и сме сигурни дека нема да ги вознемириме животните. Пробивањето на нови патеки, директно води до физичко уништување на живеалиштата.

6. Кампувајте безбедно

Доколку сакате да ја искористите вашата прошетка за кампување, секогаш бирајте ги однапред предвидените кампови и камп локации. Доколку не постојат такви, поставете го кампот на најмала можна површина, блиску до патеката. Шаторите поставете ги на израмнета површина, за да не мора да ја сечете вегетацијата или прекопувате почвата. Одбегнувајте да палите оган освен во услови на опасност.

7. Сметот доаѓа со вас

Фрлањето на смет низ планинарските и шумските патеки е директен начин за загадување на овие места. Правилото вели: Носи помалку, за да вратиш помалку. Тоа значи да се користат садови и шишиња за повторна употреба, храната и облеката да се пакува во платнени ќеси и торби и никогаш да не се оставаат остатоци од храна.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...