Еколошкото значење на рипариската (крајбрежна) вегетација
Рипариска или крајбрежна вегетација преставува просторот со вегетација што го следи брегот по потоците, реките и влажните станишта. Здравата рипариска вегетација е составена од дрвја, грмушки и високи ревни бусени што даваат сенка над водата и ги стабилизираат бреговите.
Природната, наративна рипариска вегетација по бреговите е важно живеалишта за сувоземните и водоземните животни. Дрвјата со своите високи крошни прават сенка и ја намалуваат температурата на водата со што овозможуваат добар живот за рибите и водните животни. Дрвјата исто така, преставуваат дом на многу видови на цицачи и птици. Големите и длабоки корења пак, ја стабилизираат почвата и ги одржуваат бреговите.
Најголема опасност за рипариската вегетација претставува сточарството. Добитокот може лесно да ја уништи вегетација со пасење и нагазување, а животинскиот фецес да го измени хемискиот состав на водата и почвата.
Управувањето на рипариската вегетација и нејзината заштита го подобрува квалитетот на водата, ја спречува ерозијата и ги заштитува видовите.
Уништувањето на рипариската вегетација, директно ја зголемува температурата во водата со што се уништува речната фауна и ја менува речната флора. Сето ова води до намалување на количеството на кислород во водата и ја зголемува можноста за развој на инвазивни видови на растенија, отпорни на повисоки температури.
Зголемената пак ерозија, ги руши бреговите, ја заматува водата, а со тоа се уништуваат местата каде животните се гнездат или мрестат. Најважно е тоа што со уништување на крајбрежната вегетација се намалува можноста на реките за самопрочистување. Тоа е природен процес каде што преку механички и физички процеси, реките се прочистуваат. За ова се потребни гранките, корењата и стеблата од крајречната вегетација да ги колекционираат отпадните материи додека се движат низ водата.
Крајбрежната, рипариска вегетација е еден од најзагрозените екосистеми низ македонските реки и езера. Поради лошо управување на шумските површини и земјоделски практики голем дел од крајбрежната вегетација е оштетена или значително намалена. Затоа една од активностите на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија е подобрување на состојбата со заштитените подрачја во сливот на реката Брегалница, преку подобрување на состојбата на крајречната вегетација и зголемување на нејзината површина.