07
Мај
2020

Осогово на чекор до прв заштитен предел во нашата држава

На седница на Владата на РСМ беше усвоена иницијативата за заштита и прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата V – Заштитен предел. Усвојувањето на оваа иницијатива е скапоцен плод на соработката што Програмата за зачувување на природата (ПЗП) го воспостави со ресорните министерства, локалните самоуправи, стручните соработници како и локалното население кое за кратко ќе го види својот дом како дел од заштитеното подрачје. Главна цел на заштитениот предел е да се заштити природата преку заштита на традиционалните историски практики на управување на природните ресурси.

Согласно законската процедура за прогласување на заштитено подрачје, во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлогот со локалното население, како и сите засегнати страни, и по усогласувањето на мислењата и забелешките, ќе биде изготвен конечен предлог за прогласување на Осогово за заштитен предел.

Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП) – фаза 2 е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од Фармахем – Скопје.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...