08
Апр
2020

Јавен повик за Мапирање на потенцијалот на патеки на планина и ставање во функција на мрежно поврзан систем на патеки за планински рекреативен туризам на Малешевските планини (Берово и Пехчево

Краен рок : 27.04.2020  Референтен број 03/07/261

Јавен повик за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на услуги, со предмет:
„МАПИРАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА ПАТЕКИ НА ПЛАНИНА И СТАВАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА МРЕЖНО ПОВРЗАН СИСТЕМ НА ПАТЕКИ ЗА ПЛАНИНСКИ РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ПЛАНИНИ (БЕРОВО И ПЕХЧЕВО)“

Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, ги поканува заинтересираните субјекти да достават понуди во затворен коверт на начин опишан во тендерската документација, не подоцна од 27.04.2020 година до 15:00 часот, адресирани до Фармахем – Програма за зачувување на природата во Северна Македонија, ул. Кичевска бр.1, 1060 Скопје, со назнака “За Јавен повик (Реф. бр. 03/07/261)”. Финансиската понуда да биде изразена во МКД (без ДДВ).

Тендерската документација за јавниот повик, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација се достапни на интернет страната на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија: http://www.bregalnica-ncp.mk/javni-povici/.

Заинтересираните компании може да поставуваат прашање исклучиво во пишана форма на следнава е-пошта: cvetan@farmahem.com.mk најдоцна до 22.04.2020 година.

Програмската активност за „Мапирање на потенцијалот на патеки на планина и ставање во функција на мрежно поврзан систем на патеки за планински рекреативен туризам на Малешевските планини (Берово и Пехчево)“ се спроведува како еден од приоритетите дадени во акцискиот план на пилот Регионалниот план за унапредување на шумите во Малешевскиот регион (Берово и Пехчево) подготвен во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2 (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координиран од „Фармахем” од Скопје.

Тендерската документација за јавниот повик може да ја преземете на следниот линк.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...