Јавен повик за спроведување на постапка за доделување на договор за изработка на промотивни материјали
Краен рок : 18.03.2020 | Референтен број 05-82/5/2020 |
Јавен повик за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на услуги, со предмет: Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР) ги поканува заинтересираните субјекти да достават понуди во затворен коверт на начин опишан во тендерската документација, не подоцна од 18.03.2020 година до 15:00 часот, адресирани до ЦРИПР. Финансиската понуда да биде изразена во МКД (без ДДВ). Тендерската документација за јавниот повик, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација се достапни на интернет страната на Цeнтарот за развој на Источен плански регион: http://www.eastregion.mk/ и Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија: http://www.bregalnica-ncp.mk/javni-povici/. Заинтересираните компании може да поставуваат прашање исклучиво во пишана форма на слeднава е-пошта: silvana.blagonova@eastregion.mk најдоцна до 11.03.2020 година. Програмската активност „Подготовка на материјали за промоција на Источен плански регион како дестинација за еко туризам“ се реализира во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Тендерската документација за јавниот повик може да ја преземете на следниот линк.
|