Зошто ги искачуваме високите врвови?
Во античко време, луѓето имале мислење на високите планински врвови, речиси секогаш скриени во облаците биле место каде живеат боговите. Па дури и денес високите планински венци за некои народи низ светот се сметаат за божества.
Не можеме точно да кажеме кога човекот започнал со искачување на планинските врвови. Но се смета дека првите искачување биле од практична, односно топографска потреба. Од височина многу полесно може да се набљудува теренот, да се прати хоризонтот. Искачувањата биле практични и кога првите луѓе барала извори на вода или пак ловците следеле стада животни.
Рекреативното искачување на високите врвови започнува многу подоцна некаде во 19-тиот век, кога луѓето организирано тргнувале со цел да се искачи некој планински врв. Било потребно долго време, дури највисоките врвови низ светот биле нагазени од човекова нога.
Денес, искачувањето на планина и освојувањето на високите планински врвови претставува не само рекреација, туку и сериозен спорт за кој се потребни години на подготовки, особено кога станува збор за освојување на некој од највисоките врвови на светот.
Искачувањето на планинските врвови нуди многу бенефити како: физичка активност и рекреација, лична сатисфакција, дава лекции за успешност и истрајност, запознавање со природата и ни нуди спектакуларни панорами и видици.