17
Окт
2019

На Малешевските Планини се одржа тренинг за инвентаризација на мртвата дрвесина, мониторинг на хабитатни дрвја и зачувување на сапроксилни видови

Количеството на мртва дрвесина во шумите низ Европа е важен индикатор за биодиверзитетот во шумите и тоа значително е намалено поради интензивната експлоатација на шумите и користењето на дрвото како материјал за затоплување.

Управувањето со мртва дрвесина и хабитатните дрвја како и нивна инвентаризација, а паралелно и зачувувањето на сапроксилните видови се нови теми во шумарскиот курикулум и за таа цел, на 8 и 9 октомври на Малешевските Планини се одржа професионален тренинг за попис и внесување во инвентар на мртвата дрвесина, хабитатните дрвја и зачувување на сапроксилните видови. Организатор беше Шумарскиот факултет од Скопје во рамки на Програмата за зачувување на природата, додека предавач беше професорот по шумска екологија Thibault Lachat од Бернскиот Универзитет за применети науки (BFH-HAFL).

Тренингот се состоеше од теоретски и практичен дел. Во теоретскиот дел учесниците се запознаа со еколошката важност на мртвата дрвесина и хабитатните дрвја за зачувување на сапроксилните видови во шумските екосистеми, мотиротинг на видови во шумски екосистеми, хабитатни дрвја и микрохабитати поврзани со дрвјата како и за начинот на инвентаризација на мртвата дрвесина во Швајцарија. Во практичниот дел учесниците имаа можност и практично да изведат инвентаризација на мртвата дрвесина согласно швајцарските правила за инвентаризација како и да извршат мониторинг на различни видови хабитатни дрвја во стопанисувани и нестопанисувани шуми.

Ова беше прв професионален тренинг од ваков вид во нашата држава каде свое учество зедоа професори и студенти од Шумарскиот факултет од Скопје, шумарски инженери од подружниците на ЈП „Национални шуми“ кои гравитираат кон Источниот Плански Регион како и претставници од Македонското еколошко друштво (МЕД) кои воедно се и партнери на ПЗП. Еве што изјавија некои од учесниците после завршувањето на тренингот:

Овој тренинг ми oвoзмoжи дa се стекнaм сo теoретски и прaктични знaењa вo врскa сo знaчењетo нa мртвaтa дрвесинa и хaбитaтни стеблa и зa шумскиoт биoдиверзитет. Oвa претстaвувa oдличен прв чекoр вo вoведувaњетo нa еднa шумaрскa дисциплинa кoјa не е зaстaпенa вo нaшетo шумaрствoБлагој Шурбевски, магистрант на Шумарскиот факултет од Скопје.

За мене како студент на Шумарски факултет во Скопје овој тренинг ми донесе дополнително знаење за методот со кој правилно се врши истражување, инвентаризација и се добиваат анализи за застапеноста на мртвата дрвесина, во стопанисувани и нестопанисувани шуми. Воедно со овој тренинг се стекнав со знаење како правилно да ги одредувам хабитатните дрвја во шумата кои се доста значајни за биодиверзитетот. Ваквите тренинзи од професори со големо искуство можат да придонесат за подобрување на стручниот кадар и примена на светските трендови во шумарството, Јани Митрески, студент на Шумарскиот факултет од Скопје.

Мртвата дрвесина и хабитатните дрвја припаѓаат на здрави шумски екосистеми и затоа повеќе од потребно е да се спроведува мониторинг на мртвата дрвесина, хабитатните дрвја и сапроксилните видови со цел да се контролира ефикасноста на мерките за зачувување. Со оглед дека управувањето на мртвата дрвесина е нова тема потребни се и понатамошни истражувања, а Програмата за зачувување на природата со своите партнери ќе продолжи и понатаму да работи на оваа проблематика.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...