Јавен повик за спроведување на постапка за набавка на машина за производство на восочни сотни основи
Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2 (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координирана од „Фармахем” од Скопје, има за цел да и помогне на Република Северна Македонија да ги зачува природните вредности во брегалничкиот регион, интегрирајќи ги современите пристапи за зачувување на природата.
Во рамки на проектот се спроведува компонента за поддршка на примена на одржливи земјоделски практики во пчеларството во брегалничкиот регион, за која Програмата за зачувување на природата има потреба од набавка на машина за производство на восочни сотни основи. Машината се набавува како поддршка за зајакнување на капацитетите на јадрената група на пчелари од брегалничкиот регион “Меден Исток”- Кочани.
За таа цел ПЗП спроведува постапка за набавка на машина за производство на восочни сотни основи, согласно Методологијата за спроведување на постапки за набавки одобрена од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Доколку сте заинтересирани да доставите понуда, проектната задача ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Ве молиме при изготвување на Вашата понуда да ги користите оригиналните обрасци кои се составен дел на проектната задача.
Ве молиме понудата да ја доставите најдоцна 20 календарски денови од денот на објавувањето.
Понудите се поднесуваат на следнава адреса: ул Кичевска бр.1, 1060 Скопје, со назнака “За Јавен повик (Реф. бр. 03/07/714)”.
Преземете го целосниот документи од јавниот повик на следниов линк: Јавен повик (.pdf)