Редовен состанок на работната група за подготовка на пилот РПУШ на подрачјето на Малешевскиот регион
Општина Берово, на 21 и 22 август 2019 г. беше домаќин на четвртиот по ред состанок на работната група за подготовка на пилот регионалниот план за управување со шумите на подрачјето на Малешевскиот регион (РПУШ).
Состанокот го отвори градоначалникот на општина Берово г. Звонко Пекевски кој ги поздрави присутните и воедно ја повтори поддршката на партиципативниот процес за подготовка на еден ваков документ кој ќе придонесе за сеопфатно и мултифункционално управување со шумите во подрачјето на Малешевскиот регион. На овој состанок, членовите на работната група имаа можност да се запознаат со нацрт РПУШ на подрачјето на Малешeвскиот регион како и да дадат сугестии за подобрување на истиот.
Во рамки на овој состанок беше подготвен и дискутиран и акцискиот план кој ќе биде составен дел од РПУШ на подрачјето на Малешевскиот регион како и планот за комуникација со различни заинтересирани страни.