23
Јул
2019

Трета организирана посета на брегалнички регион за група на Instagram корисници

На 29 и 30 јуни ја организиравме третата посета во брегалничкиот регион за група на Instagram корисници со цел да ги презентираме туристичките потенцијали на овој регион, локации кои не се доволно познати во нашата држава како и да претставиме дел од активностите кои што се спроведени во рамки на Програмата. Посетата беше дел од програмската активност за подигање на јавната свест за значењето на природните вредности на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2.

Брегалничкиот регион освен по богатиот биодиверзитет и големиот број на екосистеми, се одликува и со голема разновидност на релјефи, пејзажи и предели. Тука може да се сретнат едни од најуникатните геолошки појави на Балканот кои сѐ уште чекаат да бидат откриени. Преку оваа гео – палеонтолошка инстаграм тура се запознавме одблиску со различни геолошки појави и учевме за фасцинантното геолошко и палеонтолошко минато на брегалничкиот регион.

Посетата ја започнавме во Долна Брегалница, со прошетка по македонската степа во близина на селото Софилари каде што дознавме дека во овој дел порано се наоѓал океанот Тетис и тука сѐ уште можат да се сретнат фосилни остатоци од морски полжави и сифони стари над 30 милиони години. Потоа ги посетивме бреговите на реката Брегалница кои што се наоѓаат во селото Пенуш.

Следна дестинација ни беше европското село на штркови Чешиново-Облешево каде го посетивме уредениот еко-етно парк и од орнитолошка набљудувачница ги гледавме штрковите, а тука се наоѓа и најголемото гнездо за штркови во Европа. Веднаш после тоа посетивме и оризови полиња кои што во овој период се прекрасни за фотографирање.

Прошетката ја продолживме по патеката на вировите на Зрновска река, лева притока на Брегалница од која што се наводнуваат околу 250 хектари под пченка, праз и други земјоделски култури. Првиот ден го завршивме во Виница каде што го посетивме археолошкото наоѓалиште Виничко Кале.

Вториот ден го започнавме со посета на селото Црник во чија близија се наоѓаат Мелови, интересни геоморфолошки форми кои што се одликуваат со карактеристичен амфитеатрален изглед. Во селото Град имавме прошетка до пештерата Коњска Дупка и археолошкото наоѓалиште од каде што има преубави пејсажни погледи.

Во селото Стамер го посетивме палеонтолошкиот локалитет каде што се пронајдени фосилни остатоци од праисторски жирафи, антилопи и мастадонти (предци на мамутите) стари помеѓу 5 и 8 милиони години. Тука на лице место видовме и закопан фосилен остаток од мастадонт кој што допрва треба да биде истражен и соодветно зачуван.

Третата Instagram тура низ брегалничкиот регион ја завршивме со посета на вештачкото езеро Калиманци чија основна намена е наводнување на обработливите површини во Кочанското Поле и Овче Поле.

Повеќе фотографии од посетата можете да погледнете на нашиот Instagram профил: @sogrizadoberiket, додека фотографии и видеа од останатите корисници може да прегледате и на #БрегалничкиСлив.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...