17
Јун
2019

Општина Чешиново-Облешево беше домаќин на состанокот на Европската мрежа на штркови

Од 12 до 15 јуни, Општина Чешиново-Облешево беше домаќин на 16-тиот состанок на Европска мрежа на штркови. Скоро педесетина претставници од оваа европска мрежа ги посетија белите штркови во општината кои имаат добар живот благодарејќи на плодните оризови полиња. Во работниот дел на состанокот, беа презентирани дел од активностите на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија кои се однесуваат на зачувување на биолошката разновидност и примена на одржливи практики во земјоделството.

Општината беше прогласена за Европско село на штркови од фондацијата Еуронатур од Германија во 2013 година. Титулата Европско село на штркот е од големо значење за жителите на општината Чешиново-Облешево, што беше видливо и преку манифестацијата „Ден на штркот“ која се одбележува секоја година во селото Чешиново. Оваа година централната манифестација се одржа во Еко етно паркот во с.Чешиново посветен на штркот, со учество на деца од основните училишта и детските градинки од општина Чешиново-Облешево.

Уредувањето на Еко-етно паркот е дел од активностите на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија, со цел да се поттикне одржливо користење на ресурсите и локалните потенцијали за развој на туризмот и промоција на локалните производи. Паркот е уреден со различни содржини: амфитеатар за организирање на настани; набљудувачница – од каде може да се види најголемото гнездо на штркови кое се наоѓа на покривот на задружниот дом, како и другите околни гнезда; информативни табли за посетителите да дознаат повеќе за значењето на штрковите, како и инфо куќички и детско забавно катче. Парк со истите содржини е уреден и во с.Соколарци.

Настанот „Ден на штркот“ беше можност за промоција на производите на двете јадрени групи кои се поддржани од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија: ЈГ на пчелари „Меден Исток“ и ЈГ на оризопроизводители „Оризова братимка“, кои имаа свои штандови каде посетителите можеа да дегустираат и да си купат производи добиени на одржлив начин.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...