17
Јун
2019

Значењето на локалните прехранбени продукти

Локални продукти претставуваат прехранбени производи кои потекнуваат и се одгледуваат во географски регион кој е локален во однос на вашето место на живеење. Тоа може да значи дека оваа храна се одгледува во вашата држава, град, маало или лична градина.

Купувањето, користењето и хранењето со локални производи има многу големо значење врз животната средина, социјалната и економската состојба како и културата и историјата.

Локалните производи често содржат помалку пестициди, бидејќи се одгледуваат на помали површини со што произведувачот може полесно да ги контролира штетниците. Хранењето со локална храна го подобрува и здравјето и модерната медицина упатува на тоа да се храниме со доминантно локална храна која е сезонска и на која сме еволутивно приспособени. Многу често низ светот сортите и видовите на локалните производи се во поголем број во однос на оние кои се увезуваат, па затоа хранењето локално наметнува разновидна храна што е секогаш препорачано. Производите кои се одгледуваат локално ја намалуваат опасноста од труења и паразити зошто нивниот транспорт е краток, а тие не се третираат хемиски за да останат свежи.

Користењето на локални производи го промовира формирањето и одржувањето на малите фарми кои директно влијаат врз биодиверзитетот и не ја уништуваат почвата како интензивното фармерство. За превозот на локалната храна се троши помалку гориво, а со тоа и се намалува загадувањето на воздухот.

Постојаната употреба на локална храна ја поддржува заедница и традиционалниот начин на живот, а со тоа и се грижи да ги зачува ретките автохтони сорти и видови.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...