Јавен повик за предлози на здруженија за имплементирање на проекти за одржливо користење на природните ресурси во сливното подрачје на река Брегалница
Краен рок : 03.07.2019 | Референтен број 05-229/2 |
Центарот за развој на Источен плански регион објавува повик за учество на Здруженија кои се регистрирани во хидролошкото сливно подрачје на реката Брегалница согласно Законот за здруженија и фондации, кои имаат активен статус и имаат претходно искуство во спроведување на проектни активности во областа на одржливо управување со природните ресурси. Целта на Јавниот повик е преку реализација на проекти да се поттикне одржливо користење на природните ресурси во регионот, односно кон воспоставување и практикување на одржливо користење на геодиверзитетот, геонаследството, биолошката и пределската разновидност, преку употреба на традиционани знаења, иновации, најдобри практики. За да биде подобен за финансирање, предложениот проект мора во целост да се реализира во област која физички е дел од хидролошкото сливно подрачје на реката Брегалница. Јавниот повик е отворен до 03.07.2019 година до 15 часот, до кога сите заинтересирани апликанти треба да ги достават потребните документи до просториите на Центарот за развој на Источен плански регион. Реализацијата на проектните концепти од овој Јавен повик се поддржани од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
|