23
Мај
2019

Образование и екологија: децата треба да ја запознаат природата

Еколошкото образование во последните децении не е веќе само дополнителна активност, туку потреба за запознавање на младите со природата, нивната околина, но и со проблемите со кои таа се соочува. Секоја година сведочиме за се поголеми уништувања на природните ресурси и намалување на заштитените подрачја. Образованието од најраната возраст за сега делува како најдобро оружје во борбата за зачувување на животната средина. Еколошкото образование треба да има важно место за време на училишната настава, но и надвор од училиштето. Еколошкото образование дава можност на децата да станат активни за глобално важни проблеми.

Преку посета и престој во природа, децата најдобро може да учат за екосистемите, нашата поврзаност и место во нив како и продуктите што ги добиваме. Шумски прошетки, посети во музеи, посета на фарма и обработливи полиња, часови во ботаничка градина се неколкуте начини на кои децата може и преку практика да учат за природата. Важноста на еколошкото образование се покажува на тој начин што на светско ниво се зголемува наставната програма со еколошки содржини, а децата поминуваат повеќе време на отворено.

Програмата за зачувување на природата со цел да помогне во еколошкото образование го отвори едукативниот центар за зачувување на природара во с. Негрево.

Основната цел на едукативниот центар е да придонесе кон зачувување на природата во Брегалничкиот регион, преку едукација и подигање на јавната свест, како и промоција на одржливото користење на природните ресурси. На несекојдневен и оригинален начин на посетителите на Едукативниот центар ќе им се доближи значењето на природата и ќе се презентира разновидноста на брегалничкиот слив. Едукативниот центар организира и тематски работилници на кои децата на интерактивен начин учат за значењето на природата и одговорноста за зачувување на природните вредности.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...