28
Фев
2019

Се одржа работилница за разгледување на поволен модел за управување за идното заштитено подрачје „Осоговски Планини“

На 26 и 27 февруари во инфо центарот на Пониква се одржа работилница за разгледување на поволен модел за управување за идното заштитено подрачје „Осоговски Планини“. На работилницата учествуваа претставници од релевантните министерствата (МЖСПП и МЗШВ), општините кои гравитираат кон Осоговските Планини, Јавното претпријатие „Македонски Шуми“, како и претставници на други релевантни институции.

Во рамки на работилницата беа презентирани модели на управување од соседните земји Република Бугарија и Република Србија.  Од присутните експерти беше истакнато дека претпријатието „Србијешуме“ управува со 50% од заштитените подрачја во Република Србија, а исто така шумарскиот сектор односно Асоцијацијата на паркови во Бугарија управува со пониските категории како V-та категорија заштитени подрачја.

Моделот за управување беше дискутиран преку отворена дискусија со сите клучни страни (носители на одлуки на МЖСПП, МЗШВ, општините кои гравитираат кон Осогово, ЈП „Македонски шуми“- Скопје и подрачните единици), а високи претставници од претпријатието „Македонски Шуми“ изразија подготвеност да се вклучат како управувачи во идното заштитено подрачје „Осоговски Планини“.

Градоначалниците се изјаснија дека стојат зад овој процес за прогласување на ЗП на Осогово, но заради нивните ограничени можности, технички и стручни (човечки) ресурси и ограничени финансиски ресурси немаат капацитет директно да управуваат со заштитеното подрачје, пред се поради големината на подрачјето. При тоа се заклучи дека ЈП „Македонски шуми“ се најпогодна засегната страна на која би и се доделило идното управување, а истовремено тие истакнаа дека се подготвени да ги прифатат предизвиците и да дефинират структура која ќе одговори на задачата.

Согласно законските основи, се дефинира модел и предлог структура за управување која ќе биде доработена подетално во наредниот период заедно со ЈПМШ, а истата ќе биде дел од Студијата за валоризација на природните вредности на Осоговските Планини во делот за предлог управувач на подрачјето.

Во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија во следниот период ќе треба да се спроведе кампања за идното заштитено подрачје, серија на јавни настани и состаноци со сите засегнати страни, а целиот процес треба да кулминира со прогласување на подрачјето за заштитено со одлука на Влада, како и да се изработи план за управување на „Осоговските Планини“ како ново заштитено подрачје.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...