25
Фев
2019

Се одржаа рурални форуми за идното заштитено подрачје на „Осоговските Планини“

На 23.02.2019 и 24.02.2019 во Кочани и Крива Паланка се одржаа рурални форуми на тема „Земјоделските и сточарските практики во заштитено подрачје“ со акцент на придобивките од живеење во заштитено подрачје Осоговски Планини, како дел од активностите на Програмата за зачувување на природата во Македонија, во организација на Македонско еколошко друштво. Покрај претставници од Македонско еколошко друштво, на форумите учествуваа експерти од Земјоделскиот и Шумарскиот факултет во Скопје, општинските администрации, како и локално население од регионот што има искуство со рурален туризам, земјоделци и сточари.

Целта на форумите е да се доближи темата Осоговски Планини како идно заштитено подрачје до локалното население и да се информираат за придобивките од сточарските и земјоделски производи во заштитени подрачја.

Форумот во Кочани го отвори градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, кој што уште еднаш потсети дека оваа иницијатива има поддршка од сите општини во регионот и дека таа може да донесе бенефит за локалното население.

„Доколку го заштитиме Осогово, ќе осигураме зачувана природа и за следните генерации а ќе имаме и поголема достапност на европските фондови од оваа област. Се надевам дека оваа иницијатива ќе заврши со успех и дека Осоговските Планини ќе бидат прогласени за заштитено подрачје.“, истакна градоначалникот, Илијев.

Претставникот од Министерството за животна средина и просторно планирање – Владо Атанасовски, потсети дека оваа иницијатива е влезена и во годишната програма на Владата како приоритет и дека Осоговските Планини ќе бидат предложени во категоријата заштитен предел, според Законот за заштита на природата.

Претставниците на месните заедници од регионот се интересираа дали ќе може да напасуваат стока и понатаму во идното заштитено подрачје, што ќе значи тоа за локалниот развој и какви придобивки ќе имаат земјоделците од овој процес, на што од страна на претставниците од Македонско еколошко друштво и експертите од Земјоделскиот и Шумарскиот факултет во Скопје беше образложено дека во идното заштитено подрачје испашата ќе биде дозволена, а земјоделците ќе бидат и охрабрувани и поддржани со субвенции доколу одгледуваат ретки и значајни растителни сорти како и автентични домашни раси од регионот.

Во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија– фаза 2 предвидено е воспоставување на заштитени подрачја (ЗП) во сливот на река Брегалница. Во процесот на одбирање на приоритетни подрачја за заштита, во соработка со клучните страни и со одлука на Источниот плански регион (ИПР), беа селектирани Осоговските Планини и Ченгино Кале како најпогодни подрачја за отпочнување процес за прогласување.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...