25
Дек
2018

Се одржа состанок со сите клучни засегнати страни за воспоставување на заштитено подрачје Осоговски Планини

На 24.12.2018 година во Скопје се одржа состанок со сите клучни засегнати страни за дефинирање на предлог – границите и зоните за формирање на заштитено подрачје Осоговски Планини. Состанокот е дел од активностите на Програмата за зачувување на природата во Македонија поврзани со процесот за прогласување на Осогово како идно заштитено подрачје. Bo изминатиот период беше подготвена Студија за валоризација на Осоговските планини, за која е потребно да се дефинираат и предлог граници и зони на подрачјето.

На состанокот присуствуваше и заменик министерот за животна средина и просторно планирање г-дин Јани Макрадули, кој ја истака поддршката на процесот:
– Верувам дека, благодарение на Програмата за зачувување на природата на Македонија, ова ќе претставува уште еден голем успех, резултат на соработка на различни институции и чинители и очекувам дека веќе во 2019 година ќе можеме да се пофалиме дека Осоговските планини се прогласени за заштитено подрачје.

Во име на градоначалниците на општините кои гравитираат кон Осоговските Планини, обраќање имаше претседателот на Советот на Источен плански регион и градоначалник на Кочани г-дин Николчо Илијев, кој истакна:
– Она што го дала природата треба одговорно да се користи и сметам дека природните реткости треба да се заштитат за да останат за идните генерации. Ова е долготраен процес и затоа сме овде да дебатираме и да побараме поддршка од институциите, со крајна цел да ги прогласиме овие подрачја за заштитени подрачја.

Во периодот што следува ќе се додефинираат зоните согласно интересите на клучните засегнати страни и ќе се договараат следните чекори кои се потребни да се комплетира неопходната документација и да се поднесе предлогот до Министерството за животна средина и просторно планирање.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...