26
Сеп
2018

Официјално отварање на Едукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево – Пехчево

На 25.09.2018 во с.Негрево, Пехчево официјално отпочна со работа Едукативниот центар за зачувување на природата, кој е поддржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој е координиран од Фармахем. По тој повод на настанот присуствуваа голем број претставници на национални и локални институции, меѓународни и национални организации, како и на партнерите на ПЗП. Пред присутните свое обраќање имаа амбасадорот на Швајцарија во Републија Македонија Н.Е. Сибил Сутер Техада, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, заменик министерот за образование и наука Петар Атанасов, претседателот на Советот на Источен плански регион Николчо Илијев, како и градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски.


Основната цел на едукативниот центар е да придонесе кон зачувување на природата во Брегалничкиот регион, преку едукација и подигање на јавната свест, како и промоција на одржливото користење на природните ресурси. Со реконструкцијата на старата училишна зграда во с.Негрево, внатрешниот и надорешниот дел се адаптирани за потребите на современ и интерактивен едукативен процес, каде на несекојдневен и оригинален начин на посетителите ќе им се доближи значењето на природата и ќе се презентира разновидноста на брегалничкиот слив.

Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево во следниот период ќе биде корисен ресурс за основните и средните училишта, за спроведување на еднодневни екскурзии, како и за конференции, предавања и научни собири што се однесуваат на природата, нејзиното зачувување и подобрување на односот на човекот кон природата. Покрај овие активности Едукативниот центар ќе реализира уште многу други се со цел да ја збогати својата понуда и да ги промовира природните убавини на Брегалничкиот регион.

Отворањето на Едукативниот центар за зачувување на природата е од големо значење не само за Пехчево, туку и за поширокиот регион, бидејќи ќе даде придонес за одржлив развој и интегрирано управување со природните ресурси, но исто така ќе има и економски придобивки за локалната самоуправа и населението, преку промоција на локалните специјалитети, сувенири, како и други дополнителни активности кои се поврзани со вклучувањето на Едукативниот центар како една од туристичките атракции во интегрираната туристичка понуда на регионот.

Програмата за зачувување на природата во Македонија е креирана со цел да и помогне на Република Македонија во зачувување на големата биолошка разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивното одржливо користење и управување. Активностите се реализираат на три нивоа: национално, регионално и локално. Во реализација на програмата се применуваат холистички, партиципативен и системски пристап и има за цел да создаде поврзаност меѓу зачувувањето на природата и одржливиот развој.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...