13
Авг
2018

Заштита на геодиверзитетот

Од аспект на геодиверзитетот, на подрачјето на Брегалница има неколку интересни и ретки појави. Дел од нив се заштитени во постапка за заштита како споменици на природата, природни реткости, а некои се предложени за заштита.

Места кои се со особено значајни геолошки особености се:

  • Клисурата на Злетовска Река до с. Злетово;
  • Лесновската купа и кратер;
  • Долината на Зрновска Река;
  • Истибањска Клисура;
  • Кукуљето кај с. Нов Истевник;
  • Меловите кај с. Црник и кај месноста Паркач;
  • Високопланинскиот предел на Осогово околу Царев Врв и Руен;
  • Месноста Раткова Скала во југозападниот дел на Осоговските Планини;
  • Палеонтолошкото наоѓалиште помеѓу селата Звегор и Стамер;
  • Водопадите во изворишниот дел на Брегалница;
  • Појавите на вулкански бомби околу Пробиштип;
  • Пештерите кај Туртел, Коњска Дупка – пештера кај с. Град и Киселичка пештера кај с. Киселица.

Сите наведени локалитети и појави се осетливи на зголеменото влијание на човекот, а претставуваат вистински реткости, документирани со досегашната литература. Во таа смисла е неопходно нивно зачувување за идните генерации. Покрај споменатите појави, со понатамошните детални истражувања треба да се даде оценка на потребата од заштита на долината на Радањска Река и малиот кањон Камник, потоа Калата како единствениот остров во Источна Македонија, езерата под Ченгино Кале и Кундинско Езеро, водопадите на Џуџевска Река, неколку месности со појави на кристали и ретки минерали и други.

Фотографија: Евгенија Крстевска

Од сите локалитети посебно се издвојува Лесново. Лесново може да стане првиот геопарк во Македонија. Постапката за аплицирање до УНЕСКО е веќе започната. Експертите за туризам сметаат дека специфичниот вулкански терен, единствен на Балканот е вреден да се запише на листата на заштитени природни подрачја и дека одговорот ќе биде позитивен. Гео паркот е всушност е простор за одржлив туризам каде посетителите не само што ќе можат да видат гео морфолошки релјефни формации, туку една симбиоза помеѓу нив и биолошките уникатности и културните вредности со кој располага еден крај.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...