19
Јун
2018

Македонски членови на работната група за пилот регионалниот план за управување со шумите во Малешево во посета на регионот Ементал во Швајцарија

Претходната недела од 13 до 16 јуни, Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) организираше едукативна посета на регионот Ементал во Швајцарија на седум членови на работна група за Регионалниот план за управување со шумите (РПУШ) во Малешeво, со цел стекнување искуства од регионалното управување со шумите во Швајцарија. Со оваа студиска посета претставниците на работната група, претставници на различни институции добија информации за регионалниот план за управување со шумите во Сигнау/Ементал кој може да послужи како пример при изработката и имплементацијата на РПУШ во Македонија.

Главен водич и организатор на студиската посета на шумите во Ементал беше Валтер Марти, шумарски инженер во пензија со долгогодишно искуство и извонредно познавање на регионот на Ементал. За време на студиската посета на регионот, Валтер Марти заедно со неколкутемина поканети соработници и чинители од регионот ги споделија нивните искуства и предизвици со кои се соочиле во текот на изработката на РПУШ во Ементал. Сите тие аспекти се од мошне голема важност за подготовката на РПУШ во Малешевскиот регион, за добивање насоки, идеи и гледишта за сите поодделни фази на подготовка и имплементација на РПУШ.

Во текот на посетата, претставниците на работната група имаа можност да се запознаат со повеќе места и проекти кои што се реализирале во регионот, а се дел од регионалниот план за управување со шумите. За време на посетата учесниците имаа можност да се запознаат со: првите чекори од монокултура до мешани шуми; начини за дотур и кабелски систем за транспорт на шумски сортименти; користење на дрвото во изградба на мостови (стари и нови), кровови, ѕидови, хокеј сала, пазар, централно греење на дрвен чипс; процес на преведување од едновозрасни во разновозрасни шуми; посета на совршени разновозрасни шуми (посета на истражувачка страница); посета на стари монументални дрвја; промоција на биолошката разновидност; примери на заштитни шуми и решавање на конфликти; примери за реализација на шумска патна инфраструктура; функција на шумата во насока на туризам (патеки во природа; содржина и сигнализација; управување со отпад) и решавање на конфликти помеѓу сопственици на шумата и посетители на шумата; примери и мерки за зачувување на пејзажот и природата (посета на резерват за орли); одржување на пасишта и управување на шумите. Посетата беше организирана на следниве локации: Bubeneiberg, Schüpbach, Toppwald, Emmenmatt, Lauperswil, Langnau, Trubschachen, Gibelwald и Trub.

Веруваме дека стекнатите искуства во Швајцарија ќе ни бидат од голема помош во развојот на РПУШ во Малешевијата. Во групата која што ја посети Швајцарија беа претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, УКИМ „Шумарски факултет“ од Скопје, ЈП „Македонски шуми“, општина Берово, хотел „Манастир“ – Берово, како и претставник од Програмата за зачувување на природата во Македонија.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...