23
Апр
2018

Едукативна теренска посета за мултифункционалната улога на шумите реализирана во рамки на процесот за подготовка на пилот регионалниот план за управување со шумите на Малешево

На 19 и 20 април 2018 година во регионот на Малешево се реализираше едукативната теренска посета за мултифункционалната улога на шумите со членовите на работната група за пилот РПУШ за Малешево и претставниците на други заинтересирани страни на која учествуваа претставници на 15 засегнати страни на национално, регионално и локално ниво кои се вклучени во процесот на подготовка на пилот регионалниот план за управување со шумите за Малешево.

Во воведниот дел на настанот од страна на експертот за регионално планирање на шумите – Валтер Марти на присутните им беше презентиран процесот за регионално планирање со шумите во Швајцарија. Во текот на првиот ден беа посетени повеќе локалитети во општина Пехчево за да се согледаат различните аспекти на шумите: старите вековни дрвја на Малешевските планини (вредности на старите вековни дрвја), начинот за стопанисување со букова шума во државна сопственост, изворишниот дел на Брегалница (значењето на шумите за водотеците), Ченгино Кале (предлог за заштитено подрачје, пример за интеракцијата помеѓу пасиштата и шумата), Млечна и старото Бачило (значењето на пасиштата за развојот на сточарството), туристичката населба Равна Река (функцијата на шумите во насока на туристички развој), Паркач (ревитализација на опожарена шума; поврзаност помеѓу пчеларството и шумата), а попатно беше посетена и општинската депонија.

Во тек на вториот ден, беа посетени повеќе локалитети на територијата на општина Берово: заштитеното подрачје „Мурите“, селективна сеча во мешана шума на бука и бор во државна сопственост, шума во приватна сопственост (управување со приватни шуми), Беровско (Ратевско) Езеро (вклучување на акумулациите во регионалното планирање, примери на заштитни шуми, здравствена состојба на шумите и насадите), линијата за дестилација во ЈП „Македонски шуми, подружница „Малешево“ (значењето на другите шумски производи).

Присутните претставници на заинтересираните страни искажаа задоволство од начинот на кој беше органиизран овој настан, како и можноста да се видат различните аспекти и важноста на шумите. Тие изразија поддршка и заинтересираност за активно вклучување во процесот на подготовка на РПУШ согласно нивните надлежности и моменталното законодавство.

Со реализацијата на една ваква едукативна теренска посета членовите на работната група, претставници на различни заинтересирани страни имаа можност да се запознаат со другите функции на шумата и воедно имаа можност за дискусија на различни конфликти кои различните заинтересирани страни ги имаат во шумата.

Ова е прв регионален план за управување со шуми што ќе се изготви во Република Македонија и сите вклучени се активираат на волонтерска база, со цел да се покаже дека ваквиот пристап обезбедува вклученост на сите заинтересирани страни и придонесува кон одржливо управување со шумите.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...