27
Мар
2018

Формирана јадрена група на пчелари од брегалничкиот регион „Меден Исток“

На 23 февруари 2018 година, со поддршка на Програмата за зачувување на природата во Македонија се формира јадрената група на пчелари од брегалнички регион „Меден Исток“, со седиште во Кочани. Ова здружение претставува иницијална група на локални пчелари учесници на обуките на млади пчелари организирани во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, кои се подготвени за примена на практики за одржливо пчеларство со македонската автохтона пчела Apis mellifera macedonica, алтернативни пристапи во борбата со болестите кај пчелите се со цел на зачувување на биолошката разновидност, но воедно и креирање на економска добивка на локалните пчелари.

Преку своите активности и делување, членовите на здружението се насочени кон примена на унифицирани методи и техники за одржливо пчеларство и производство на мед и други пчелни производи без користење на хемикалии, едукација на млади пчелари за примена на практиките за одржливо пчеларство примарно од Источниот плански регион, но и генерално на ниво на држава, креирање на препознатлив и унифициран бренд на мед и пчелни производи од брегалничкиот регион, давање на поддршка на млади пчелари во насока на поттикнување на развојот на пчеларството во Источниот плански регион, како и креирање на услови и пазари за продажба на продуктите.

Концептот за формирање на јадрена група е нова форма на соработка и здружување кој е поддржан преку Програмата, со цел да имаме едуцирани пчелари со унифицирано знаење за производство на мед и други пчелни производи, кои преку одржливо искористување на придобивките од природата ќе започнат свој бизнис и ќе развијат производи кои ќе имаат додадена вредност на пазарот.

„За сите нови пчелари како и за пчеларите со одредено искуство од Источниот плански регион, но и пошироко кои ќе сакат да ги применуваат принципите на одржливото пчеларство како останатите членови во ЈГПБР „Меден Исток“, ние ќе спроведуваме соодветни обуки за нови пчелари или дообука за пчелари со одредено искуство со цел да се обезбеди унифицирано знаење и методи. Целта ни е во брегалничкиот регион да имаме едуцирани пчелари со стекнато знаење за принципите на одржливото пчеларство кои ќе придонесат кон зачувувањето на локалниот биодиверзитет, но во исто време ќе имаат корист од продажбата на својот препознатлив производ произведен во прекрасните предели во Источниот плански регион“ изјави Ванчо Кировски, претседател на здружението.

Со поддршка на Програмата, во следниот период ќе се реализира обука по мерка за членовите од јадрената група од сферата на маркетингот и брендирањето, како и напредна обука за производство на други пчелни производи.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...