14
Мар
2018

Рурален туризам

Анализата на поединечните карактеристики и самото поимно толкување на селскиот туризам, еко-туризмот, винскиот туризам, гастрономијата како туристички производ, ловниот туризам, риболовниот туризам, туризам на фарма, туризам на земјоделска фарма, културен туризам и религиозен туризам, укажуваат на една заедничка компонента, а тоа е одвивање на aктивностите во рурална околина. Руралниот туризам претставува нов вид туризам со двојна корист и за туризмот, и за руралниот простор.

Дефинирањето на руралниот туризам се разликува во различни земји во Европа. Исто така, не постои единствена дефиниција за рурален туризам. Главно под рурален туризам се подразбираат сите услуги и активности што се нудат во руралниот простор.

Заеднички клучни елементи на руралниот туризам се:

  • руралниот простор;
  • зачувана природа;
  • сместување во традиционални селски домаќинства;
  • ноќевање со појадок со можност за самостојна подготовка на храна;
  • традиционална рурална гастрономија;
  • комуникација со домаќините;
  • запознавање и/или учество во земјоделски активности, традицијата и начинот на живеење на локалното население.

Преку развој на овој вид туризам, може да се регенерираат руралните подрачја, а од друга страна да се постигне економски напредок и зачувување на природата. Согласно анализите на WTO (World Tourism Organization) и ETC (European Travel Commision), Европа како број 1 туристичка дестинација во светот покажува тенденција на зголемување на бројот на туристи кои користат продолжени викенди како начин на одмор од избегнување на стресното живеење во урбаните средини. При изборот на дестинации за користење на продолжени викенди, 3 – 4 дена, туристите одбираат блиски дестинации достапни со автомобилски и автобуски транспорт или транспорт организиран со нискобуџетни авиокомпании. При избор на дестинации за краток престој предност имаат дестинациите што нудат разни форми на селски, планински туризам и спа-туризам.

Примарни фактори што влијаат при изборот на дестинацијата се:

  • промоција на дестинацијата на интернет, коментари од посетители на дестинацијата и од нив препорачаните искуства;
  • автентичноста на дестинацијата;
  • цена на пакет услугата (транспорт, сместување, угостителски услуги, билети и други трошоци);
  • квалитет на услуга како вкупна перцепција од сите точки на контакт со локалното население, култура и начин на живеење.

Основните карактеристики на Источниот плански регион покажуваат дека регионот располага со значителни природни ресурси и интересно културно-историско наследство. Врз основа на овие ресурси се отвора можноста за развивање на руралниот туризам, а од особено значење се оризовите култури, како конкурентна предност на ИПР. Исто така, во ИПР значајни се и повеќето минерални извори, како и термалните води во Виничко (Истибања) и Штипско (Кежовица), тука се и природни резервати: Готен, Линак, Малеш, Зрновска Река, Река Ломија; потоа споменици на природата: Звегор, Пештера Коњска Дупка, Мородвис, Мачево, Црна Топола и голем број села. Во Источниот регион познати археолошки локалитети се: „Виничко Кале“ и „Баргала“.

Сето ова води кон заклучок дека во Брегалница е можен развојот на дестинација за рурален туризам.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...