31
Јан
2018

Одржан настан за екосистемски услуги

Една од потцелите на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2 е изработка и тестирање на механизам за плаќање на екосистемски услуги. Како дел од активностите за остварување на оваа потцел, Програмата во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), на 30-ти јануари 2018 година (вторник) во хотел Buschi организаше настан за екосистемски услуги. Целта на настанот беше клучните заинтересирани страни во Република Македонија да се запознаат со генералните политики за екосистемски услуги, плаќање на екосистемските услуги, за позитивните и негативните искуства како и за научените лекции од спроведување на шеми за плаќање на екосистемски услуги во земјите од регионот.

На настанот свои презентации имаа Марјана Шушлевска, тим лидер на Програмата, Даниела Камчева од Секторот за природа при МЖСПП, Zoran Mateljak и Hilary Cottrill од WWF Adria/Udruga Dinarica и Julia Grigorova од Бугарија. На настанот зедоа учество повеќе од 60 учесници од различни заинтересирани страни, како: министерства, инспекторати, јавни претпријатија, научни институции, национални паркови, тековни проекти на МЖСПП, невладини организации, приватен сектор и др.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...