19
Окт
2017

Бањски – велнес спа туризам

Низ вековите подрачјето на Брегалница било познато по геотермалните води. Овде лежи најголемиот термален потенцијал на Балканот со неколку поголеми геотермални басени: Подлог, Бања, Истибања и Кежовица.

Геотермалното лежиште Подлог – Бања лежи на најголемиот геотермален басен на Балканскиот Полуостров со вкупно билансирани статички резерви од 150 милиони m3, со средна температура од 75°С. Во хемиски поглед, геотермалната вода е натриум бикарбонатна, со рН вредност од 7, неагресивна во затворени системи.

Термалните води во с. Бања во општината Чешиново –Облешево уште одамна се користеле за бањски цели, посебно во 1970-тите и 1980-тите години. За бањата е обезбедено доволна количина термоминерална вода, која е со висока температура од 63˚С. Лековитите својства на водата делуваат благотворно при лекувањето на следните болести: заболувања на жолчните патишта и жолчната кесичка, гинеколошки заболувања, воспаление на нервите, ревматски заболувања и други болести. Најголем ефект со оваа вода како лековита е постигнат при лекувањето на чир на желудникот и на дванаесетпалачното црево. Оваа вода може да се применува и за инхалации, поради што може да има силно благотворно дејство на катаралните воспалувања на дишните патишта.

Хидрогеотермалниот систем Истибања е сместен во непосредна близина на селото Истибања во Виница. Овој систем е сроден со системот Подлог – Бања и се карактеризира со капацитет од 56 l/sec и температура од 67°C.

Како градска бања, Кежовица постои осум децении. Инаку, Кежовица како бања е позната уште од турско време, кога таа се користела за здравствени цели и лична хигиена на жителите. Бањата Кежовица денес користи вода од два плитки бунари со количини од 4,5 l/sec со температура од 63°C.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...