13
Окт
2017
Одржан координативен состанок на партнерите на програмата
На ден 09.10.2017 година (понеделник) во просториите на Фармахем се одржа координативен состанок на партнерите на Програмата. На состанок присуствуваа претставници на сите партнери и тоа: Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за шумарство, земјоделство и водостопанство, Центарот за развој на Источен плански регион, ЈП „Македонски шуми“, Шумарски факултет и Македонско еколошко друштво.
На состанокот се презентираа досега реализираните активности, а партнерите се координираа и усогласија за активностите кои треба да се реализираат до крајот на годината.