Риболовен туризам

21
Сеп
2017

Риболовен туризам

Со оглед на бројните планински водотеци и богатството од риба, како и постоењето на голем број вештачки езера, регионот на Брегалница има одлични услови за риболовен туризам. Најдобри можности за тоа има Калиманско Езеро, езеро Гратче, Беровско Езеро, езерото Сандански (чија намена е токму тоа), Езеро Лошана кај с. Тработивиште, Пишичко Езеро, потоа Брегалница од Калиманци до влезот во Кочанско Поле, Злетовска Река до с. Злетово, река Осојница низ клисурата и сл.

Според риболовната основа за сливот на Брегалница (2011), подрачјето на Брегалница е поделено на 5 риболовни ревири од извориштето („Брегалница 1“) до вливот на Светиниколска Река („Брегалница 5“). Во горните текови на постојаните реки е присутна речната пастрмка, а пониско се јавува скобуст, кленот, кркушката, крап, мрена и др. Во езерото Калиманци присутен е и сомот.

За жал, загадувањето на реката Брегалница со неоргански и органски загадувачки материи има влијание врз состојбата на рибите. Преку заштита на водните површини се заштитуваат и рибите и водениот биодиверзитет, но исто така се дава можност за развој на риболовниот туризам

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...