Планински туризам

Планинскиот туризам подразбира широк спектар на туристички активности кои се одвиваат на планина
03
Јул
2017

Планински туризам

 

Планинскиот туризам подразбира широк спектар на туристички активности кои се одвиваат на планина. Ако се има предвид дека 56% од површината на регионот на Брегалница припаѓа на планински простор и дека има дури девет планини од кои една повисока од 2000 m, јасно е колкаво е значењето на планинскиот туризам за овој регион.

Планините, освен што се различни по височина – од ниски до 1500 m , преку средно високи 1500 до 2000 m  и Осоговски Планини со над 2000 m, тие имаат големи разлики во однос на вредностите, климата, водите, пошуменоста и другата биоразновидност. Освен тоа, некои планински делови се многу слабо населени, далеку од градските центри, но со сочувани природни вредности (Огражден, југоисточен дел на Плачковица, западен дел на Малешевски Планини). Всушност, од главните видови туризам (езерски, низински, урбан и сл.), во брегалничкиот регион најголема перспектива има токму планинскиот. Речиси сите шест планини повисоки од 1500 m имаат можности за развој на различни планински туристички активности како трекинг или планинарење.

Планински туризам

Планински туризам

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...