Повик на кандидати за учество на обука за пчеларство во Источниот Плански Регион
Програмата за зачувување на природата во Македонија организира обука за млади невработени лица кои во иднина би сакале да се занимаваат со пчеларство. Со оваа активност Програмата за зачувување на природата во Македонија сака да го помогне економскиот развој на регионот како и да ги потенцира можностите и придобивките на жителите на ИПР од одржливото управување со природните ресурси.
Обуката ќе се организира во периодот од мај до септември 2017, во определени работни денови, а програмата за обуката предвидува теоретски предавања и практична обука кои ќе бидат распределени во 10 модули. Обуката ќе се реализира на пчеларник кој се наоѓа во близина на вештачкото езеро Гратче, Кочани. Доколку сакате да дознаете како била организирана првата обуката за млади пчелари видете го следново видео: https://www.youtube.com/watch?v=CG8GMEWOS4Y
За таа цел, ги повикуваме сите заинтересирани невработени лица до 35 годишна возраст да се пријават за учество на обуката. Припадничките на женскиот пол, се охрабруваат да се пријават за учество на обуката, а за нив старосната граница не е ограничена.
Поради ограничените можности за успешно спроведување на обуката, бројот на учесници е ограничен на вкупно 18 лица.
Критериумите за избор на кандидатите се:
- Да имаат постојано место на живеење во следниве општини: Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново – Облешево и Штип;
- Да не се постари од 35 години (овој критериум не важи за пријавените жени)
- Да се невработени;
- Да имаат интерес за отпочнување на сопствен бизнис во областа пчеларство, а досега да не се занимавале со оваа дејност;
Трошоците за превоз до локацијата каде ќе се реализира обуката како и котизија од 5000 денари се сопствено учество на избраните кандидати. Останатите трошоци за реализација на обуката се покриени од страна на ПЗП.
Повикот е отворен до 26 април 2017 година, а заинтересираните кандидати треба да достават пријава за учество со кратко мотивациско писмо изразувајќи ги мотивите за учество на обуката, кратка биографија и потврда од АВРМ дека се невработени.
Пријавите треба да се достават на е-пошта: jasminka@bregalnica-ncp.mk , најдоцна до 26 април 2017 година.