Република Македонија и заштитата на природата
31
Јан
2017

Република Македонија и заштитата на природата

Република Македонија и заштитата на природата

Законската рамка за воспоставување на мрежата на заштитени подрачја е пропишана во Законот за заштита на природата од 2004 година во кој се прифатени 6 категории заштитени подрачја (член 66) усогласени со категоризацијата на Меѓународната унија за заштита на природата – IUCN, и тоа:

Категорија I – (Ia) строг природен резерват (СПР) и (Iб) подрачје на дивина (ПД);

Категорија II – национален парк (НП);

Категорија III – споменик на природата (СП);

Категорија IV – парк на природата (ПП);

Категорија V – заштитен предел (ЗПр);

Категорија VI – повеќенаменско подрачје (ПнП).

Во членовите 68-90 од Законот за заштита на природата се опишани категориите на заштитените подрачја, начинот на управување на подрачјата, забранетите активности итн. Дополнително, со измените и дополнувањата на Законот за заштита на природата е пропишана постапката за прогласување и спроведување заштита на природните реткости (нова форма на заштита) за која се уште нема практично искуство во земјата. Постапката за прогласување на заштитените подрачја, начинот на управување, финансирање и др. е пропишана во Законот за заштита на природата, како и обврската да се направи ревалоризација и повторно прогласување на сите претходно заштитени подрачја кои се прогласени пред 2004 година во согласност со Законот за заштита на природни реткости заради усогласување со новата категоризација.

За анализа на заштитените подрачја во регионот на Брегалничкиот слив кој е проширен со подрачјата од Источниот плански регион е искористена базата на податоци за заштитени подрачја (CDDA) за 2014 година. Оваа база на податоци Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ја доставува и до Европската агенција за животна средина. Во моментот во базата на податоци за заштитени подрачја (МЖСПП, CDDA 2014) се вклучени 86 подрачја кои зафаќаат површина од 230083 ha или 8,97% од територијата на Република Македонија. При тоа не се земени предвид преклопувањата на некои подрачја (пр. Јасен и Матка), така што реалната површина под заштитени подрачја е нешто помала.

Мрежата на заштитените подрачја во Македонија не претставува кохерентен систем односно истиот е во преодна состојба и вклучува подрачја прогласени во различно време, според различни категоризации и со различни цели (подрачја прогласени според стара категоризација, подрачја прогласени според новата категоризација, повторно прогласени подрачја, подрачја во фаза на повторно прогласување, подрачја во фаза на прогласување). Исто така, постои и впечатлива разлика во поставеноста на заштитените подрачја помеѓу западна и источна Македонија, особено во брегалничкиот слив каде се присутни само 7 подрачја, главно поединечни или група на стебла.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...