29
Дек
2016

Одржана петтата работилница на Програмата за зачувување на природата во Македонија со партнерите

На 15 и 16 декември во х. Гогов во Пехчево се одржа петтата, воедно и последна работилница со партнерите на Програмата за зачувување на природата во Македонија, во рамки на првата фаза од програмата. Цел на работилницата беше заеднички да се споделат постигнатите резултати од првата фаза од имплементацијата на Програмата, како и да се дадат насоки кои треба да бидат земени предвид во втората фаза. Покрај Проектниот тим за координација на Програмата, на работилницата присуствуваа претставници од Програмските партнери: Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенција за планирање на просторот, Шумарски факултет Скопје и Центарот за развој на Источен плански регион, како и претставници на Швајцарската амбасада во Македoнија.

petta_rabotilnica

Од страна на Проектниот тим за координација, како и од страна на сите партнери беа презентирани постигнатите резултати во правата фаза на имплементација на програмата. Сите присутни искажаа задоволство од текот на имплементацијата на планираните активности во изминатиот четиригодишен период и постигнатите резултати. Исто така, беа дадени и насоки кои треба да бидат земени во предвид во тек на реализација на втората фаза од Програмата кој треба да започне од јануари 2017 година.

Во вториот дел од работилницата беа посетени дел од проектите кои се имплементирани во рамки на ПЗП и тоа: Барскиот еко систем во Пехчево, Едукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево и туристичкиот информативен центар на Пониква.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...