Изработена работна верзија на Нацрт Просторен план за Источен плански регион
Нацрт Просторниот план за Источен плански регион е хиерархиски најважен документ со кој се дефинираат насоките за уредување и користење на просторот со примена на принципите на одржлив развој, а во функција на ефикасна заштита на природните и културно-историските вредности на просторот. Како основа на планот е земена биолошката разновидност на регионот, со користење на информациите добиени од анализата на недостатоците во еколошките податоци за брегалничкиот слив и картата на еколошка сензитивност, исто така подготвени во рамки на Програмата.
Планот се состои од 18 експертски елаборати од различни области, а во негова подготовка беа вклучени и општините од Источниот плански регион, согласно законските обврски и постапката за изработка на вакви планови. Покрај работната верзија на нацрт планот изработен е и Извештај за стратегиска оцена за влијанието врз животната средина од спроведувањето на планот.
Двата документи се предадени во Министерството за животна средина и просторно планирање и следува постапка за понатамошно усвојување од страна на Собранието на Република Македонија. Документот е достапен на следниот линк: http://www.bregalnica-ncp.mk/wp-content/uploads/2016/12/Nacrt_plan_PPIPR.pdf