23
Дек
2016

Изработена Нацрт национална стратегија за заштита на природата

Во текот на декември 2016 година се комплетираа активностите за изработка на Нацрт национална стратегија за заштита на природата, со вклучена Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија. Оваа стратегија која ги вклучува и другите компоненти на природата (биолошката и пределската разновидност) претставува најзначаен стратешки документ за зачувувањето на биодиверзитетот и природата во Македонија. Таа ќе биде основа за активностите на национално ниво за зачувување на природата, како и за спроведување на активности за исполнување на обврските на Република Македонија во однос на Натура 2000. Покрај стартегијата, изработен е и Извештај за стратeгиска оцена за влијанието врз животната средина од спроведувањето на оваа стратегија.

Во подготовка на овие документи покрај експертите задолжени нивно изготвување, активно беа вклучени и експертската јавност, здруженијата на граѓани, како и соодветните министерства и други јавни институции преку процес на јавни расправи и консултации со јавноста.

Двата документи, во нацрт верзија, се предадени во Министерството за животна средина и просторно планирање, и следува постапка за нивно одобрување од страна на Владата на Република Македонија. Нацрт националната стратегија за заштита на природата може да се погледне на следниов линк: www.bregalnica-ncp.mk/wp-content/uploads/2016/12/Nacrt_nacionalna_strategija_za_zastita_na_prirodata.pdf

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...