Добредојдовте на нашиот блог
Добредојдовте на Блогот на Програмата за зачувување на природата во Македонија. Главен фокус ни е поддршката на активности за зачувување на природата и локалниот развој на Брегалничкиот регион кој се заснова на одржливо искористување на природните ресурси..
Овде ќе прочитате информации за природните вредности на Брегалничкиот регион онака како што го гледаат луѓето што се вклучени во проектот, но и на начин на кој мештаните го доживуваат својот предел. Ќе прочитате за автохтоните видови на флора и фауна онака како што ги гледаат научниците и љубителите на природата, но и како мештаните се трудат да ги промовираат, а воедно и зачуваат своите природни вредности. За можностите за рекреација и туризам во регионот, за започнување на мал бизнис кој ќе се заснова на одржливо искористување на природните ресурси како и за многу други работи кои ќе одговорат на прашањата: Зошто треба да ја зачуваме природата? Зошто е посебен и значаен Брегалничкиот слив? и Зошто е битно заедно да работиме за зачувување на биолошката разновидност во регионот?
Ако имате нешто да додадете и да го споделите или нешто Ве интересира и сакате да го прочитате слободно контактирајте нè и ние ќе се потрудиме да ги објавиме посакуваните информации.
Се читаме!