31
Окт
2016

Стручна расправа за Просторниот план на Источниот плански регион- Нацрт план и јавна расправа за Извештај за Стратегиска оценка на влијанието врз животната средина

На 26.10.2016 година во Штип  се одржа стручна расправа за Просторниот план на Источниот плански регион – Нацрт план и јавна расправа за Извештајот за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина од спроведувањето на Просторниот план на Источниот плански регион – Нацрт извештај.dsc_0563_1280x853

На настанот присуствуваа претставници на општините во регионот, Министертсвото за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина и природа, Управата за културно наследство при Министерството за култура, Центарот за развој на Источен плански регион, Агенција за планирање на просторот, ЕЛЕМ, преставници на приватниот сектор во регионот, на Програмата за зачувување на природата во Македонија  и др.

Настанот беше отворен од страна на Драгица Здравева- директор на Центарот за развој на Источен плански регион, а свои воведни и обраќања за целите на расправата имаа претставниците на Секторот за просторно планирање при Министерството за животна средина и просторно планирање, Сашо Апостолов и Дејан Гаџовски.dsc_0579_1280x853

Стратешкиот документ, Просторен план на Источниот плански регион- Нацрт план, беше презентиран од страна на Агенцијата за планирање на просторот, додека Извештајот за стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина од страна на неговиот изработувач – компанијата Деконс Ема.

По презентациите следуваше дискусија со прашања, забелешки и коментари од страна на присутните.dsc_0574_1280x853
Просторниот план претставува значаен стратешки документ за просторниот развој на регионот, кој дава насоки за намената, користењето, заштитата, организацијата, уредувањето и управувањето со просторот на регионот. Се состои од 18 експертски елаборати од различни области, и е прв просторен план во државата кој се темели на исклучителната биолошка разновидност со која располага регионот.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...