17
Окт
2016

Летна школа за зачувување на природата и одржлив развој во Делчево

Oд 3-ти до 13-ти август 2016 година во Делчево, како дел од активностите на Програмата за зачувување на природата во Македонија, се одржа летната школа за зачувување на природата и одржлив развој, на која учествуваа студенти од различни факултети од Универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и „Гоце Делчев“ од Штип.

Во првиот дел од школата, студентите  се стекнаа со воведни знаења и информации за регионот, вклучително биолошката разновидност, шумарство, земјоделство, економија, туризам и геологија, како и социолошките карактеристики на општина Делчево, преку предавања од страна на професори од двата универзитети. Во вториот дел од летната школа македонските студенти имаа теренски активности и се фокусираа на предизвиците поврзани со економскиот развој, миграцијата на младите и промените на релјефот и пределот, за кои развија предлог мерки кои можат да помогнат во надминувањето на овие негативни трендови.teren-turizam

SWOT анализата помогна систематски да произлезат потенцијалните мерки, кои беа селектирани врз основа на нивниот потенцијал кој може да направи промени во системот. Резултатите се фокусирани на четири области на активности:

  1. Воспоставување на бренд за локалните производи под името „Пијанец“, кое е традиционалното име за регионот. Името значи „пијаница“ и може одлично да се усогласи со производите кои се направени од слива.
  2. Градење на основи за развој на туризмот. Условите за развој на рурален и планински туризам се одлични.
    За таа цел, потребно е да се изгради одредена основна инфраструктура, вклучително реновирање на куќи во селата, патокази, информативни табли и ознаки за туристичките места.
  3. Користење на секундарните шумски плодови, како боровинки и печурки кои ги има во голема количина во шумите во Делчево. Потребни се малку напори и инвестиции за да се организира нивна преработка. Истите може да бидат значителен дополнителен приход за многу семејства.
  4. Едукација и промоција на бизнис потенцијалите на општината. Поради недостаток на  практичната едукација и обука  во Делчево, истата може да се надмине со неформална едукација и промоција на бизнис потенцијалите на општината: волонтерска едукација организирана од општината во форма на обука за бизнис, на која заинтересираните учесници од општината ќе се стекнат со знаења и вештини како да планираат и водат бизнис.

Студентите ги презентираа нивните препораки за развој на општината пред претставниците на општинската администрација и други засегнати страни од општината.teren-zemjodelie-2

На летната школа, покрај претставникот на тимот на Програмата за зачувување на природата во Македонија и проф.д-р Флориан Кнаус, кој беше одговорен за пренесување на концептот,  беа присутни и асистенти, проф. Д-р Томас Хан (доктор по науки за животна средина од ЕТХ, Цирих), Даниела Јованоска, (магистер по екологија на Универзитетот во Скопје) и други професори од   двата универзитети.

Ова е пилот активност за примена на интегриран пристап во планирањето на локалниот одржлив развој врз основа на веќе разработен швајцарски концепт, кој понатаму може да се примени и на други слични области.

sumarstvo-1

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...