10
Окт
2016

Обука за пчеларство

 

Реализирана обука за млади пчелари во Брегалничкиот слив.

По објавениот конкурс на Програмата за зачувување на природата во Македонија, беа избрани 18 идни пчелари, од кои 6 жени, од различни делови на регионот кои во период од 3 месеци ја посетуваа обуката за млади пчелари во Кочани. Сите учесници на обуката се невработени млади лица кои што преку пчеларството гледаат можност за остварување на сопствени приходи.

Обуката беше спроведена во 10 модули, додека секој модул беше составен од едукативен и практичен дел каде учесниците во целост се запознаа со основите за пчеларење.

Обуката беше одржана од страна на двајца едукатори – пчелари од регионот со долгогодишно искуство, а програмата за реализацијата на еден ваков вид на обука беше подготвена во соработка со швајцарскиот експерт Ruedi Ritter.20160526_110955_1280x960

За потребите на оваа обука беше воспоставен нагледен пчеларник со 54 пчелни семејства при што секој учесник во текот на обуката се грижеше за своите 3 пчелни семејства. На крајот од обуката, секој од учесниците овие 3 пчелни семејства ги постави на своја локација со што го означија почетокот на воспоставување на сопствени пчеларници. На секој од учесниците ПЗП им обезбеди опрема за почетници-пчелари со која би ги извршувале своите секојдневни обврски на сопствениот пчеларник.

На крајот од обуката секој од учесниците се стекна со потврда за завршена обука за млад пчелар.20160526_141944_1280x960

Ваков тип на обука за прв пат се спроведува во Брегалничкиот регион, со што директно придонесуваме кон целта да имаме едуцирани пчелари кои преку одржливо искористување на придобивките од природата ќе започнат свој бизнис. Исто така, со спроведувањето на оваа обука сакаме да ја потенцираме важноста на македонската автохтона пчела Apis mellifera macedonica како нераскинлив дел од македонското пчеларство. 20160526_142246_1280x960

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...