Month

јули 2016

Промоција и маркетинг на одржливи земјоделски практики

Obuka_mladi_pcelari

Една од основните цели на ПЗП е подобрување на социо економскиот статус на локалното население, истовремено намалувајќи го штетното влијание врз животната средина, преку промоција и примена на одржливи земјоделски практики. Досега преку ПЗП беа поддржани пилот-активности за одржливо производство на ориз и мед, со што 19 лица добија соодветна обука и поддршка. Следно, ПЗП продолжува со промоција на овие иницијативи преку активно вклучување на поголем број заинтересирани страни,а покрај тоа ќе бидат изработени и маркетинг стратегии како прв чекор кон обезбедување пазар за овие одржливо произведени земјоделски производи.

 

Поврзани новости

База на документи

proizvodstvo_oriz

За полесен пристап на заинтересираните страни до сите постоечките документи од брегалничкиот регион поврзани со зачувувањето на природата, заштитата на животната средина и одржливиот развој, како и до документите коишто се изработени во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија, формирана е база на документи, која постојано се надополнува и ажурира.

На следниов линк можете да пристапите до базата на документни подготвена во рамки на ПЗП: Документи

Jавен повик за „Спроведување на специфична кампања во Источен плански регион за придобивки од прогласување на заштитени подрачја“

Краен рок : 28.07.2016  Референтен број 0507‐280/2/2016 Во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, Центарот за развој на Источен плански регион објавува јавен повик за „Спроведување на специфична кампања во Источен плански регион за придобивки од прогласување на заштитени подрачја“. Повеќе информации за огласот

Програмата и партнерите

Programme-and-Partners

За успешно спроведување и одржливост на Програмата за зачувување на природата во Македонија, постојано се изведуваат активности за јакнење на техничките, методолошките, комуникациските и раководните капацитети на партнерите во делот на зачувувањето на природата.

Целта на Програмата е Центарот за развој на Источен плански регион, како стратешки партнер, во иднина да биде препознаен како предводник во зачувувањето на природата во регионот, преку јакнење на неговите капацитети.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...