22
Јул
2016

Посета на амбасадорот на Швајцарската конфедерација на дел од проектите на ПЗП во Македонија

DSC_0097_800x533

На 21 јули 2016 година, амбасадорот на Швајцарската конфедерација  во Република Македонија Н.Е. Сибил Сутер Техада го посети Брегалничкиот регион, при што посети дел од проектите кои се реализирани во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија и оствари работни состаноци со раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион Драгица Здравева, претседателот на Советот за развој на Источен плански регион и градоначалник на општина Кочани Ратко Димитровски, како и со градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков.

Посетен беше пилот проектот за одржливо производство на ориз, кој се реализира во рамки на ПЗП на експериментална парцела на оризопроизводителот Јорданчо Левков во општина Чешиново-Облешево, при што беа презентирани очекувањата во поглед на намалување на потрошувачката на вода со користење на систем капка по капка и намалено коирстење на хемиски средства при производството на ориз. Исто така, амбасадорот Техада имаше можност да го посети нагледниот пчеларник кај браната Гратче во општина Кочани и да се запознае со првичните резултати од активностите за поддршка на млади пчелари. Покрај тоа, при посетата на општина Кочани од страна на градоначалникот Димитровски беа презентирани и резултатите од останатите проекти кои се реализирани во општина Кочани со поддршка на Швајцарската конфедерација: Уредување на водопадите на браната Гратче, енергетска ефикасност на детската градинка Павлина Велјанова-клон 4, Изградба на пречиситителна станица за отпадни води во Кочани, Патеката на клукајдрвчето на Пониква, Санирање на штети од поплавите на Оризарска Река, Туристички инфо центар Пониква идр.

DSC_0096_800x533

Во рамки на работната посета на регионот, амбасадорот ја посети и општина Зрновци, каде од страна на градоначалникот Станков беа презентирани резултатите од проектите кои се реализирани од страна на општина Зрновци и здруженијата Јавор и Движење за одржлив развој: Заштита и промоција на група платанови стебла во с.Морородвис – прогласени за природна реткост, зачувување на агробиодиверитетот во општина Зрновци, Основање на ресурсен центар за едукација наменет за учениците и фармерите во општината, Регулација на Зрновска Река во с.Мородвис, Уредување на археолошкиот локалитет во с.Мородвис, Енергетска ефикасност на општинската зграда во Зрновци и др.

Амбасадорот Техада  изрази задоволство од реализацијата на досегашните активности на Програмата во Брегалничкиот регион и посака и понатамошен успех во реализацијата на програмските активности.

DSC_0125_800x533

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...